Мексико и Венецуела со реми го потврдија четвртфиналето на Копа Америка

Од:

Репрезентациите на Мексико и на Венецуела ноќеска одиграа нерешено 1:1 во рамките од 3.коло од Ц групата од Копа Америка.

Двете селекции од претходно го имаа обезбедено пласманот во четвртфиналето на ова натпреварување, а нерешениот резултат само на Мексико му ја донесе првата позиција во групата поради подобрата гол разлика. Мексико во 1/4 финалето ќе игра со второпласираниот тим од групата Д, а Венецуела за ривал ќе го има првопласираниот тим од групата Д.

На вториот дуел од оваа група Уругвај ја победи Јамајка со 3:0.
Табела: Мексико 7 бодови (+4 гол разлика), Венецуела 7 (+2), Уругвај 3, Јамајка 0.

Вечерва се играат натпреварите од 3.коло од Д групата: Аргентина – Боливија и Чиле – Пананма.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна