Мекларен задоволни од тестовите во Барселона

Од:

Стофел Вандоорн изрази задоволство од напредокот на Мекларен во четвртокот, кој дојде по доста тежок почеток на втората серија тестови. Белгиецот успеа да направат 151 круг, вклучувајќи симулација на трка во попладневната сесија. Проблемите со електорниката, кои ја уништија неговата програма во вторникот, не се појавија повторно.

– Беше добар ден. Утрото израмнивме многу во тестирањето на различните гуми и однесувањето на автомобилот. Попладне ја поминавме целата натпреварувачка должина, што исто така помина непречено, изјави Вандорн.

Возачот на Мекларен забележа шесто време од 1.18.855 со хиперсофт гуми, 1,7 секунди зад рекордот на Фетел. Општо земено, Стофел бил задоволен со автомобилот.

– Чувството од автомобило беше добро уште од самиот почеток, а сесијата го потврди тоа. Очигледно има и некои области во кои треба да работиме повеќе. Болидот ќе биде доста изменет за Мелбурн, бидејќи претстојат надградби. Но веќе сме убедени дека одиме во Австралија со уверување дека имаме силен пакет и се чувствувам сто отсто подготвен, додаде пилотот.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ