Мекларен се спаси од банкротот со заем од 150 милиони фунти

Од:

Тимот на Мекларен во Формула 1 ќе избегне банкрот оваа година, откако обезбеди заем од Националната банка на Бахреин.

Тие ќе издвојат 150 милиони фунти, со кои легендарниот британски тим ќе мора да се справи со последиците од пандемијата од коронавирус уште од март.

Компанијата забележа загуби од 122 милиони фунти за првиот квартал од годината и отпушти вкупно 1.200 вработени, од кои 70 од тимот што се натпреварува во Формула 1.

Тимскиот шеф Зек Браун се надева дека финансиската инјекција ќе му помогне на Мекларен да се стабилизира, сè додека економијата не се опорави и пазарите повторно не започнат да работат нормално.

Би можело да ве интересира

Фетел: Не е јасно во кој правец се движи Ферари

Ана Ололовска

Хамилтон потврди: Ќе возам барем уште 3 години

Ана Ололовска

Во Ферари имаат целосна доверба во Биното

Ана Ололовска

ГН на Турција може да се врати во календарот во Формула 1 во сезоната 2020 година

Ана Ололовска

Португалското Гран при во Формула 1 ќе се одржи со гледачи

Ана Ололовска

Волф не верува дека Мерцедес е виновен за предвидливоста во Формула 1

Ана Ололовска