Мекинро: Трамп ми понуди еден милион долари да играм против Серена Вилијамс!

Од:

Американската тениска легенда и поранешен број 1 во светот, Џон Мекинро направи интересно признание во емисијата „In Depth with Graham Bensinger“, која се прикажува на Ен-Би-Си. Toј изјави дека пред повеќе години, Доналд Трамп во својство на промотор му понудил еден милион долари за да одигра натпревар со Серена Вилијамс или нејзината сестра Венус.

– Добив писмо од Доналд Трамп, кој тогаш беше промотор и никој не замислуваше дека еден ден ќе стане претседател на САД. Ова е можеби најлудиот случај во историјата на САД. Во него пишуваше дека ми нуди еден милион долари за натпревар против Серена или Винус. Никогаш во животот не сум сакал да излезам на терен против жена, па затоа одбив, изјави легендарниот американски тенисер.

Тој сподели и какви шанси би имал против Серена Вилијамс, доколку излегол на дуел против неа.

– Сега не сум толку сигурен како тогаш, дека ќе победам, бидејќи сум постар. Но, тогаш немав сомнеж, бидејќи бев светски број еден, воопшто не бев лош играч. Но, моите деца не веруваа дека би можел да ја победам Серена, дури и тие не беа на моја страна, се пошегува Мекинро.

Би можело да ве интересира

Трамп започнува необичен бизнис, а партнер му е познат музичар

Горан Наумовски

Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Горан Наумовски

Трамп би можел да изгуби недвижен имот поради измама

Горан Наумовски

Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

„Вашингтон пост“: Трамп веќе влијае на настаните во Украина

Се запленува имот на Трамп: Обвинителот презеде мерки

Горан Наумовски