Мекгрегор сака да му се врати на боксерскиот ринг

Од:

Конор Мекгрегор сака да му се врати на боксот, а на ваква желба го инспирираше синоќешниот спектакл во Медисон Сквер Гарден во кој предизвикувачот Анди Руиз го порази сега веќе поранешниот шампион Антони Џошуа.

Ирскиот ММА борач испрати честитки до новиот шампион, а изрази и пофални зборови за мексиканските борачи, со кои имал можност да се соочи во рингот.

– Од прва рака знам колку цврста брада имаат Мексиканците. Се креваат од подот како во триле. Со нив никогаш не е готово додека не биде готово, изјави Мекгрегор.

Но, Ирецот не застана тука, тој рече дека по овој дуел посакал да се врати на рингот, дури и го предизвикал Флојд Мејветер на реванш, со кого се соочил на боксерски меч во 2017 година. Конор тогаш го изгуби мечот, но од тој меч заработи најмногу во неговата кариера.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја

Интензивно соочување Усик-Џошуа пред саботната пресметка