Мекејлеб: Сега се е можно

Од:

Предводник до најголемите успеси на македонската кошарка и најдобриот во вчерашната победа над Нов Зеланд (84:62), Лестер Бо Мекејлеб во изјава за „ФИБА ТВ“ веднаш по натпреварот истакна дека верува во нови победи на турнирот.

„Да загубевме денеска ќе моравме да се враќаме дома. Среќен сум што победивме и сега имаме шанса за понатаму без разлика против кого и да играме во четвртфиналето. Не знаете што ќе се случува и во тие натпревари се е можно“, изјави американскиот Македонец.

Тој ја пофали и играта на неговите соиграчи и ја нагласи разликата во пристапот од претходниот натпревар со Ангола.

„Одигравме многу подобро против Нов Зеланд отколку во претходната средба со Ангола, бевме поагресивни, поконцентрирани и затоа стигнавме до победата. Треба да се фокусираме да ја подобриме одбраната и скок играта и верувам дека тоа може да ни донесе нови победи“, рече Мекејлеб.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ