Мегваер го притиска Лестер за трансфер во Манчестер

Од:

Една од ѕвездите на Лестер, Хари Мегваер, објави дека сака да го напушти клубот. Тој ја споделил својата желба со менаџерот Брендан Роџерс и неговите соиграчи. 26-годишниот дефанзивец е трансфер цел за Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Мегваер се надева дека ќе ги зголеми шансите за трансфер. Тој смета дека „лисиците“ бараат премногу за него, откако понуди од двата клуба од Манчестер биле одбиени ова лето. Лестер сака околу 85 милиони фунти за да се раздели со него. Според него, клубот не го го одржал своето ветување да го пушти за сума, која двете страни ја договориле минатата година кога потпишал нов 5-годишен договор.

Манчестер Јунајтед се очекува да направи нова понуда и по потезите на играчот се надева дека ќе биде прифатена. „Црвените ѓаволи“ не успеаја да го привлечат минатото лето кога мислеа дека не се подготвени да ги дадат парите, што ги сака Лестер. Манчестер Сити останува кандидат за неговиот потпис, но „граѓаните“ е малку веројатно да извадат предлог што го задоволува Лестер.

Во моментов, Мегваер е на подготовки со тимот во Франција, но не е јасно дали ќе учествува во контролната против Скантроп во вторник.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска