Меѓународен одбојкарски турнир за ветерани во Струмица

Од:

Во Струмица почна Меѓународниот одбојкарски турнир за ветерани, што традиционално се одржува по десетти пат по повод патрониот празник на градот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, кој се одбележува на 11 декември.

На турнирот учествуваат ветераните на екипите „Пирин“ од Разлог, Бугарија, „Рибница“ од Краљево, Србија, како и екипи од Тетово и Струмица.

Вчера се одиграа полуфиналните натпревари. Екипата на Пирин ги совлада ветераните на Тетово со 2:0 во сетови, а Струмица славеше против Рибница со 2:1.

Турнирот завршува вечер со одигрување на натпреварите за 3 и 4 место и финалниот натпревар кој ќе го одлучи победникот.

Би можело да ве интересира

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

Македонските одбојкари подготвени за утрешниот старт на ЕП во Скопје

Два контролни натпревари на македонските одбојкари против Романија

ВИДЕО: Потресна снимка од последните моменти на одбојкарката пред смртта

Катерина Ѓуровски

Позната одбојкарка пронајдена мртва, паднала од прозорец на хотелска соба