Меџик Џонсон заминува од Лејкерси

Од:

Меџик Џонсон, поранешен кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс и актуелен директор за кошаркарски трансфери во клубот, поднесе оставка на функцијата.

На ваков потег кошаркарската легенда се одлучи по недоразбирањата со раководството на клубот во врска со продажбата на некои кошаркари за кои Меџик смета дека не им требаат на Лејкерси.

Меџик изјави дека сопственикот на клубот Џини Бас му потврдил дека ќе ја има сета власт при донесување одлуки, но очигледно не било така.

Инаку, сега веќе директорот во оставка наведе дека имал намера да направи трансфери кои се однесуваат на Лонзо Бал, Џулиус Рендел и Ивица Зупец, а сакал да го разреши и Лук Волтон.

Би можело да ве интересира

Новата НБА сезона ќе почне на 22 октомври

А1он

Вокер го смени Ирвинг во Селтикс

Ана Ололовска

Миротиќ одбил 45 милиони долари од Чикаго, за да заигра за Барса

Ана Ололовска

Си Џеј Мекалум продолжува со Портланд за договор вреден 100 милиони долари

Ана Ололовска

Бостон го привлече слободниот агент Тако Фол

Ана Ололовска

Гасол ќе ја продолжи кариерата во Портланд

Ана Ололовска