Мечот Италија-Турција во Рим на отворањето на Европското првенство ќе се игра со гледачи

Од:

Рим, 26 март 2021 (МИА) – Натпреварот меѓу Италија и Турција, со кој на 11 јуни во Рим ќе биде отворено Европското првенство (ЕП) во фудбал, ќе се одигра во присуство на гледачи и покрај пандемијата со Ковид-19, потврди претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина.

Тој денеска на прес-конференција во Рим соопшти дека публиката ќе биде присутна на стадионот „Олимпико“, но не ја прецизираше бројката на навивачи.

– Сè уште не знам колку гледачи ќе има, но сигурно ќе има многу луѓе, најави првиот човек на италијанскиот фудбал.

Италија е една од 12-те земји домаќини на претстојното ЕП, а во услови на пандемија на коронавирус на европскиот континент плановите за одржување на едномесечниот турнир сè уште не се прецизирани.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ