Мбапе: Не сакам да го напуштам ПСЖ

Од:

Килијан Мбапе реши да го прекине молкот откако во последните денови се појавија гласини дека е несреќен во ПСЖ и дека сака да го напушти клубот во зимскиот преоден рок. Младата ѕвезда зачекори пред камерите на „RMC Sport“ по победата од 1-0 над Марсеј во која Мбапе му асистираше на Нејмар за единствениот гол.

„Не побарав да го напуштам Пари Сен Жермен во јануари. Не ја разбрав информацијата која се појави во јавноста. Не сум лут на клубот, многу сум среќен. Бев шокиран од веста како и сите други. Луѓето мислат дека има врска со мене, тоа не е точно. Дремев кога се појави информацијата, а моето семејство беше на натпревар на мојот помал брат. Бевме шокирани. Тоа е целосна измислица“, рече тој.

Да потсетиме, во мај годинава, по долги преговори, Мбапе конечно реши да остане во ПСЖ. Тогаш се пишуваше дека францускиот клуб му платил огромен бонус, наводно околу 100 милиони евра само за потпишување на договорот и му дал поголема улога во спортската политика. Се пишуваше и дека според новиот договор ќе заработува околу 50 милиони евра годишно.

„Медиапарт“, објави дека раководството на ПСЖ ангажирало луѓе да креираат лажни профили на Твитер кои требало да го критикуваат Мбапе за споменатата најава за неговото заминување и да го поставуваат прашањето дали требало да биде прогласен за најдобар играч на францускиот шампионат. Од клубот веднаш го негира.

„Јас сум фудбалер, најважно ми е да играм и да го дадам најдоброто од себе. Знаеме што значи да се игра во ПСЖ, мора да бидете подготвени. Ги предупредуваме играчите кои доаѓаат. Сега сме во средината на оваа приказна, но ние сме фокусирани на освојување и освојување трофеи. Претседателот Насер Ал-Хелаифи? Не го видов на крајот од натпреварот. Го видов претходно, ни посака среќа“, изјави Мбапе.

Во оваа сезона, Мбапе постигна 11 гола на 13 натпревари за ПСЖ.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Предраг Петровиќ

Голманот на ПСЖ е во тешка состојба: Коњ го удри во глава, префрлен во болница со хеликоптер

Горан Наумовски

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Покрената истрага против ПСЖ

Марко Верати ќе остане во ПСЖ до 2026 година

ПСЖ без Фабијан Руиз до Мундијалот во Катар