Мбапе: Меси ќе ги шутира пеналите во ПСЖ, тој е најдобриот играч во светот

Од:

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одговори на прашањето зошто Лионел Меси го изведе првиот пенал против Лајпциг во Лигата на шампионите (3:2).

– Во ред е, сè е до почит. Тој е најдобриот фудбалер на светот, фактот што игра со нас е привилегија, јас отсекогаш го велев тоа. Ако има пенал, тој ќе го шутира, точка. На вториот пенал, тој ми рече: „Пукај“. Беше крајот на натпреварот, тој ми дозволи да го изведам пенал и јас го изведов, изјави Мбапе за „Л’Екип“.

Меси реализира пенал во 74. минута од натпреварот, со што резултатот беше 3:2. Во втората минута од судиското надополнување, Мбапе не реализира удар од 11 метри.

Би можело да ве интересира

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Мбапе играше со посебен детал на дресот, Французите го објаснија новитетот што го воведоа

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините