Мбапе донираше пари за пронаоѓање на пилотот Иботсон

Од:

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе донираше 27 илјади фунти како помош во потрагата по пилотот Дејвид Иботсон кој исчезна по падот на неговиот авион во Англискиот канал вечерта на 21 јануари кога загина фудбалерот Емилијано Сала.

Иботсон и Сала патуваа од Нант кон Кардиф кога авионот исчезна од радарските екрани.

По завршување на неуспешната акцијата за пребарување од страна на надлежните служби, семејството на Сала побара приватна истрага за која беа собрани пари од роднини и пријатели, остатоци од авионот заедно со телото на аргентинскиот фудбалер беа пронајдени на дното на Ламанш.

Исчезнатиот пилот не е пронајден па неговото семејство, слично како на Сала, почна хуманитарна акција за собирање средства за приватна потрага. Целта е 300 илјади фунти, а досега се собрани половина од нив. Во акцијата учествувале околу седум илјади донатори, меѓу нив и ѕвездата на ПСЖ и на францускиот фудбал Мбапе.

Би можело да ве интересира

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години

Мбапе играше со посебен детал на дресот, Французите го објаснија новитетот што го воведоа

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ