Матијашевиќ: Би било идеално да сме први и уште отсега да знаеме дека сме на ЕП 2021

Од:

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Матијашевиќ е оптимист дека „црвено-жолтите“ можат да изборат второ учество по ред на евро-шампионатите.

– Наша предност евидентно е што Федерацијата успеа да изменаџира да ги добие двата турнира овде, што зборува за нејзината способност, а нам ни дава уште поголема шанса. Проблем е што нема да има публика, па таа предност на домашен терен нема да биде толку голема, но сепак постои и јас верувам дека повторно ќе играме на Европско првенство, изјави Матијашевиќ за веб-страницата на ОФМ.

За да се остварат неговите желби, македонскиот национален тим треба да биде прв на скопскиот турнир од утре до сабота или, пак, втор, но со што подобар биланс, затоа што на Европското првенство 2021 ќе играат и петте најдобри второпласирани селекции од седумте квалификациски групи.

– Се разбира дека сите сакаме да бидеме први, односно да ја победиме Турција еднаш, ако може и двапати. Тие имаат предност на позиции кај двајца или тројца одбојкари коишто се искусни и долго време играат на европските првенства. Да не влегувам во детали, тие на некој начин ни се должни од Љубљана. Според мене, главна и основна задача е да се квалификуваме, дали како први или како втори, не е толку важно. Би било идеално да сме први и на 16-ти навечер по натпреварот со Турција, да знаеме дека сме квалификувани, да можеме да планираме, да се организираме, а не да чекаме, посакува Матијашевиќ.

Ривали на македонските одбојкари во квалификациите за ЕП ќе бидат Босна и Херцеговина и Турција.

Би можело да ве интересира

Одбојкарките на Работнички пред одбрана на титулата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во Велес: Одбојкарите на Шкендија физички се пресметаа со навивачите

Предраг Петровиќ

Познати противниците на македонските одбојкари во Европската сребрена лига 2022

Ана Ололовска

ЕП: Турција пресилна за македонските одбојкари

Ана Ололовска

Македонските одбојкари денеска против фаворитот Турција на ЕП

Ана Ололовска

Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП

Ана Ололовска