Матеус: Флик ќе ја прифати понудата да ја предводи репрезентацијата на Германија

Од:

Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик најверојатно ќе ја предводи германската репрезентација, изјави поранешниот клупски играч Лотар Матеус.

– Ова беше последниот натпревар во Лигата на шампионите за Ханси Флик како тренер на Баерн Минхен. Тој е приоритетен кандидат за Германската фудбалска асоцијација да го замени Јоаким Лев. Флик ќе ја прифати понудата ова лето, изјави Матеус за „Скај Германија“.

Флик го презеде клубот од Минхен во 2019 година. Во Баерн Минхен освои шест трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.

Од август 2006 година до јули 2014 година, Флик беше помошник тренер на германскиот селектор Јоаким Лев, кој ќе ја напушти функцијата по Евро 2020.

Вчера Баерн беше елиминиран од ПСЖ во четврт-финалето од Лигата на шампионите (1:0, 2:3).

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска