Мата останува на „Олд Трафорд“ уште 2 години

Од:

Офанзивниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата, официјално го продолжи договорот со клубот, кој истекуваше кон крајот на минатиот месец. Тој ќе остане на „Олд Трафорд“ во следните две сезони.

Триесет и едно-годишниот Шпанец дојде од Челзи летото 2014 година. Тој има одиграно 218 натпревари на сите турнири со 45 гола и 37 асистенции зад своето име. Со тимот на „црвените ѓаволи“, поранешниот шпански репрезентативец го освои ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд и Лигата на Европа.

„Навистина е чест да продолжиме да го презентираме овој неверојатен клуб и нашите ексклузивни фанови. Јас сум во Манчестер Јунајтед веќе пет години и сум горд што го нарекувам „Олд Трафорд“ мојот дом. Не можам да дочекам да работам со Оле Гунар Солскјер и неговиот фантастичен тренерски штаб. Нивната визија за клубот е навистина возбудлива и многу сум среќен што сум дел од неа, изјави Мата за сајтот на клубот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска