Мастерсот во Мајами засега не е одложен или откажан

Од:

Организаторите на тенискиот Мастерс во Мајами соопштија дека нема да го откажат или одложат турнирот. Претходно, турнирот во Индијан Велс беше одложен поради епидемијата на коронавирус.

На официјалниот Твитер на турнирот, организаторите тврдат дека внимателно ја следат состојбата со коронавирусот и се консултираат со властите и експертите.

Мајами опен треба да се игра од 23 март до 5 април. Неговиот вкупен награден фонд е 8,7 милиони долари.

Турнирот во Индијан Велс беше предвиден да се игра од 11 до 22 март.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски