На тенискиот турнир во Мајами од Мастерс серијата, Американката Венус Вилијамс во четвртото коло ја елиминира бранителката на трофејот Џоана Конта од Велика Британија.
Во меч кој траеше два часа и 21 минута, Вилијамс синоќа победи по пресврт со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби Британката со 7:5, а потоа следуваа два сета за 37-годишната Американка (6:1 и 6:2).
Во четвртфиналето Вилијамс ќе игра со сонародничката Даниела Роуз Колинс која на главниот турнир дојде преку квалификации.
Другите три двојки за четвртфиналето се:
Азаренка – Плишкова,
Остапенко – Свитолина и
Стивенс – Кербер.