Мартовските квалификации на јужноамериканските репрезентации за СП 2022 може да се играат во европски град

Од:

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) овој месец ќе разговараат за местото каде би се играле мартовските натпревари од квалификациите за СП 2022 година.

Претходно, тренерите на голем број европски врвни клубови изјавија дека не сакаат да ги ослободуваат своите играчи во нивните репрезентации, поради ограничувањата за преминување на границите низ целиот свет, предизвикани од пандемијата на коронавирус.

Особено, секој што пристигнува во Велика Британија од јужноамериканските земји мора да помине 10-дневен карантин. Нема исклучоци за фудбалерите.

Колумбија ограничи летови од и кон Бразил. Репрезентациите на овие земји треба да играат едни против други на 26 март во Колумбија.

Една од опциите е одржување на натпревари на репрезентации од Јужна Америка во таканаречениот „меур“ во еден од европските градови.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он

Роналдо со рекорден, десетти хет-трик во репрезентативниот дрес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Натпреварот Албанија – Полска беше прекинат 20 минути, домашните навивачи фрлаа шишиња кон Полјаците

Ана Ололовска

Руски навивач тешко повреден по нападот во Марибор

Ана Ололовска