Мартинс казнет за половина година за туркање на судија

Од:

Офанзивниот фудбалер на Монако, Желсон Мартинс доби исклучително тешка казна. Португалскиот репрезентативец е осуден од француската федерација за период од 6 месеци за туркање судија во натпревар од Лига 1.

Ова се случи на 1 февруари годинава во поразот на Монако од Нимс со 1:3. Тогаш Мартинс остро реагираше кога судијата му покажа црвен картон на неговиот соиграч Бакајоко. Последователно, самиот Желсон беше избркан за неговата реакција, по што ги испушти нервите и го турна судијата.

Француската федерација го опиша ова како „брутална акција“ и му изрече тешка казна на неговиот клуб Монако.

Па така, Желсон Мартинс нема да игра повеќе во натпревари оваа сезона, што веројатно ќе има негативно влијание врз неговите шанси да стане дел од Португалија за ЕП 2020.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ