Ентони Марсијал постигна „хет-трик“, а Манчестер Јунајтед го совлада Шефилд Јунајтед со 3:0 во натпревар од 31. коло од Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ веќе на 13 последователни натпревари немаат пораз, и продолжуваат да бркаат место во Топ 4 и веќе имаат 49 бода.
За гостинскиот тим, ова е втор последователен тежок пораз и трет последователен натпревар по обновувањето на првенството, во кој не успеаја да постигнат гол.
Тие остануваат со 44 поени во горната половина од табелата.
Резултати од Премиер лига:
Јунајтед – Шефилд 3:0
Њукасл – Астон Вила 1:1
Норвич – Евертон 0:1
Вулверхемптон – Борнемут 1:0