Марш на Матка

Од:

Планинарскиот клуб „Видици“ и Граѓанската асоцијација за рекреативно движење (ГАРД) денеска го организираат традиционалниот, деветнаесетти по ред, Марш на Матка, познат како „Враќање во Марков град“.

Стартот на Маршот на Матка, кај Скопје, е во 10:05 часот пред ресторанот Манастирска пештера, односно манастирскиот комплекс „Света Богородица“. Патеката води преку манастирот „Св. Спас“, каде што ќе биде направена мала пауза, до крајната точка, Марков град и остатоците од црквичката „Св. Недела“.

Целата патека нуди панорамски разглед на кањонот Матка, но целта, виртуелното враќање во минатото и мистиките на столетијата, кулминира со пристигнувањето до остатоците од тврдината Марков град, највисоката точка на маршот. Таму, сместена меѓу карпите, е лоцирана средновековната црквичка „Св. Недела“, вградена во самите спили, објект на кој, до пред извесно време, му се закануваше опасност од целосно уривање.

По едномесечната интервенција е извршена превентивна заштита со стручна и материјална помош и поддршка на Републичкиот завод за заштита на споменици, Неоком и Алкалоид, така што сите љубители на убавините на Матка на целта на маршот ќе можат да уживаат во делумно заштитената визура на овој објект, слеана во амбиентот на сурите спили на Матка.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Спасени туристи од Хонг Конг кои се загубиле на Матка

Утре над 500 домашни и странски тркачи ќе учествуваат во трката Водно-Матка Треилс

Ана Ололовска

Овој викенд по петти пат ултимативната планинска трка – Водно-Матка Треилс

Ана Ололовска

Изгоре кампер-возило на полски туристи на Матка

Жарко Настоски

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска