Марсел Хиршер се збогува со скијањето

Од:

Живата легенда на алпското скијање, Марсел Хиршер го објави крајот на својата кариера. Осумкратниот освојувач на големиот Кристален глобус веќе ја донел важната одлука откако навести на крајот на минатата сезона дека имал слични намери.

Хиршер ја објави својата одлука во пренос во живо на австриската национална телевизија и ја мотивираше со желбата да поминува повеќе време со семејството.

Австриецот досега го освои невидени осум последователни пати Светскиот куп, оставајќи ги зад себе Марк Жирардели и Анемари Мозер. Тој има две олимписки титули од Пјонгчанг 2018 во слалом и алпска комбинација.

Во својата кариера, Австриецот има освоено 67 трки од Светскиот куп.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски