Марковски дополнително повикан во А тимот за дуелите со Исланд и Романија

Од:

Крилниот напаѓач на вицешампионот Шкупи, Кире Марковски, дополнително е повикан во македонската фудбалска репрезентација за претстојните два септемвриски квалификациски натпревари за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

Селекторот Благоја Милевски ќе смета на 26-годишниот Марковски, кој има пет настапи во репрезентативниот дрес, за дуелите против Исланд на гостински терен в недела, и против Романија во Скопје, идната среда.

Македонскиот состав вчера одигра нерешено без голови против Ерменија во рамки на четвртото коло во квалификациската група Ј, во премиерниот натпревар под водство на новиот селектор Милевски.

Би можело да ве интересира

Македонија со одлична група во Лигата на нации: Ќе играме против Ерменија, Фарски Острови и против Летонија

Реми во Скопје: Македонија-Англија 1:1

Фудбалерите заминаа за Малта

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Барди: Ние сме мала земја, но меѓу нас има „лавови“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија ремизираше со европскиот шампион

Катерина Ѓуровски

Милевски објави список со 29 имиња: Двајца дебитанти, Радески е повратник, во тимот е и Чурлинов