Марко Силва веќе не е тренер на Евертон

Од:

Португалецот Марко Силва е сменет од функцијата главен тренер на англискиот премиерлигаш Евертон.

Тој 18 месеци седеше на клупата на клубот од Ливерпул, но лошите резултати го симнаа тимот во зоната на испаѓање, и мораше нешто да се менува. Силва го презеде кормилото на „карамелите“ во мај 2018 година, и на 60 меча имаше по 24 победи и порази.

Како привремен тренер се спомнува шкотскиот стручњак Дејвид Мојс, но ова решение ќе биде непопуларно кај навивачите, кои воопшто не го сакаат некогашниот тренер. Мојс 11 сезони го водеше Евертон, но нема никакви успеси откако си замина од клубот во 2013 година. Кој и да биде тренер, нема да му биде лесно, во следниот месец тимот има серија тешки мечеви.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска