Мареј се враќа и во „Дејвис купот“

Од:

Енди Мареј ќе се приклучи на селекцијата на Велика Британија во ноември за дуелите од „Дејвис купот“ по неговата прва АТП титула по двегодишна пауза во текот на викендот во Антверпен.

Тој ќе му се придружи на неговиот брат Џејми, откако дуото им помогна на Британците за успехот во 2015 година. Првите ракети на сингл и двојки – Дан Еванс и Нил Скупоски – се исто така дел од составот на Лион Смит, а последниот петти играч ќе биде објавен во наредните недели. Вклучувањето на Енди Мареј доаѓа по неговиот извонреден успех над Стен Вавринка во финалето на турнирот во Антверпен.

Играјќи го едвај својот седми турнир од враќањето по операцијата за замена на колкот, Мареј се избори за успехот, откако имаше сет негатива против швајцарскиот ветеран.

– Апсолутно е фантастично што Енди се врати и ја освои титулата во Антверпен вчера, не го криеше ентузијазмот Смит.

Во меѓувреме, Еванс ќе се приклучи на составот откако ќе стане највисоко пласираниот тенисер на Велика Британија, пробивајќи се во првите 50.

Завршницата во шпанската престолнина Мадрид ќе се одржи од 18-24 ноември. Велика Британија е во групата Е со екипите на Холандија и Казахстан, со кои се соочуваат на 20 и 21, соодветно.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ