Мареј се надева дека ќе игра сингл мечеви на крајот од сезоната

Од:

Освојувачот на три Гренд-слем титули, Енди Мареј, се надева дека ќе се врати во сингл до крајот на 2019 година, но не мисли дека може да се приклучи на „Ју Ес Опен“ во август.

Како што е познато, поранешниот светски број еден ќе учествува во парови со Фелисијано Лопез на претстојниот тениски турнир во серијата АТП 500 во Квинс.

– Во моментов превземам бебешки чекори. Се чувствувам добро, не чувствувам многу болка и уживам во тренинзите. Многу се подобрувам, но не мислам дека по завршувањето на „Вимблдон“, ќе бидам подготвен да се вратам во сингл. Се надевам, на крајот од годината, повторно ќеможам да играм во сингл. Не сакам да поставам временска рамка, ќе биде неверојатно ако можам да се вратам на „Ју Ес Опен“, но ако не, јас нема да бидам разочаран. Мислам дека тоа нема да се случи, мислам дека ќе потрае малку подолго, рече Мареј, цитиран од „Би-Би-Си“.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ