Мареј од понеделник е светски број 1, со 5 бода повеќе од Ѓоковиќ

Од:

Британецот Енди Мареј без борба стигна до финалето на Мастерсот во Париз со што стана новиот број 1 во светскиот тенис.

Милош Раониќ го предаде мечот поради повреда, а Мaреј стана првиот Британец кој станал број 1 во Опен ерата.

Енди Мареј официјално од понеделник ќе биде број 1 на АТП листата, со што ќе стави карј на владеењето на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер 122 недели во континуитет беше број 1, а во кариерата бил 223 недели светски број 1.

Мареј во финалето во Париз, се пласира без борба, откако Раониќ му го предаде мечот. За титулата тој ќе се бори со Џон Изнер.

Мареј е првиот Британец кој застанал на чело на АТП листата во Опен ерата, а воедно е највозрасниот (29 години) број 1 уште од 1974 година.

Британецот од понеделник ќе има 10.785 бодови, пет повеќе од Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен