Мареј нема да игра во Дубаи, му се роди четвртото дете

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј го откажа настапот на претстојниот турнир во Дубаи, откако денеска стана татко по четврти пат.

Мареј е шест години во брак со сопругата Ким, а брачната двојка веќе има две ќерки, Софија (5) и Еди (3), како и едногодишниот син Теди.

Поранешниот светски тенисер број 1, по минатонеделниот настап во Ротердам требаше да ја продолжи сезоната во Дубаи, каде од 16 до 21 март на програмата е турнир од серијата 500.

Мареј во моментов е 116 тенисер на АТП листата, а пред него, настапот на турнирот во Дубаи го откажа и Швајцарецот Роџер Федерер.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Мареј сака да игра на Олимпијадата пред да се пензионира

Горан Наумовски

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари