Британецот Енди Мареј триумфира на турнирот во Виена и ја симна предноста на Новак Ѓоковиќ на најновата АТП ранг листа на помалку од 2.000 бода.
Ѓоковиќ на ранг листата објавена денес има 12.900 бода, додека Мареј е на втората позиција со 10.985.
Од третото до петто место се наоѓаат: Станислас Вавринка (5.865), Кеи Нишикори (4.905) и Милош Раониќ (4.690).
Најдобро рангиран Македонец е Томислав Јотовски кој со 26 поени е на 766.место.