Британецот Енди Мареј и Германката Анџелика Кербер се прогласени за најдобрите тенисери во 2016 година, додека Србинот Миомир Кецмановиќ и Русинката Анастасија Потапова се најдобри јуниори, објави Меѓународната тениска федерација (ИТФ).
Мареј на крајот на оваа година го освои „Вимблдон“ го одбрани златото на Олимписките игри во Рио и и го симна од тронот Новак Ѓоковиќ, додека Кербер триумфираше на „Австралија Опен“ и на „УС Опен“ и го освои сребрениот медал во Рио.
За прв пат во историјата на тенисот, лауреати се браќа, бидејќи Џејми Мареј е прогласен за најдобар во двојки со Бруно Суарез (Бразил).
Најдобра женска двојка е Кристина Младеновиќ и Каролин Гарсија (Франција).
Наградите на најдобрите ќе им бидат врачени на свеченост во Париз на 6 јуни 2017 година за време на Грен слемот „Ролан Гарос“.