Мареј емотивно реагираше по првата титула по операцијата

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј не успеа да ги задржи солзите по освојувањето на финалето на турнирот во Антверпен. Вчера, во решавачкиот натпревар, тој го совлада Стен Вавринка од Швајцарија со 2-1 (3:6, 6:4, 6:4).

Овој наслов беше прв за Мареј по операцијата на колкот.

– Мене многу ми значи овој трофеј. Во последниве години беше многу тешко. Стен и јас имавме многу повреди подолг период. Многу е убаво повторно да се сретнеме во финале. Тоа беше извонреден меч. Не го очекував ова, затоа сум многу, многу среќен, изјави Мареј.

Поради хронична повреда на колкот, Британецот планираше да ја прекине кариерата.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ