Марадона: Се надевам дека Меси нема да одигра како што знае против Наполи

Од:

Наполи вечерва ја дочекува Барселона во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони. Лионел Меси ќе ги предводи Каталонците на стадионот „Сан Паоло“ каде неговиот сонародник Диего Марадона испиша историја и се промовира во еден од најголемите ликови во фудбалската историја.

– Немам никакви дилеми. Моето срце е со Наполи и наполитанците. Посебно во тешки натпревари каков што е вечерашниот против Барселона. Се надевам дека Меси нема да одигра како што знае, рече Марадона за италијанскиот весник „Ил Матино“.

Марадона од 1982 година до 1984 година играше за Барселона по што се пресели во Наполи, клуб во кој се задржа до 1991 година. Со наполитанците освои две Скудета и се стекна со статус на Бог на југот на Италија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат