Марадона боледувал од срце, а не примал лекарства: објавени резултатите од обдукцијата

Од:

Легендарниот фудбалер Диего Марадона, кој почина на крајот од ноември од срцев удар, страдал од хронични проблеми со срцето, црниот дроб и бубрезите, а наодите од извршената обдукција покажуваат дека тој не примал лекарстава за кардиковаскуларната болест.

Според резултатите, што ги соопшти Јавното обвинителство во Сан Исидро, едно од предградијата во Буенос Аирес, токсиколошките испитувања не утврдиле присуство на алкохол и наркотични дроги во неговиот систем.

Утврдени се траги од коктел лекарства што се издаваат само на рецепт и се користат за лекување на широк дијапазон состојби, вклучувајќи депресија, шизофренија, нервни растројства и напади на паника.

Марадона, кој почина на 60 години, имаше долга историја на лекување од зависност од алкохол и дрога.

Аргентинското обвинителство издаде наредба за обдукција врз неговото тело, во рамки на истрагата што треба да покаже дали смртта на славниот фудбалер настанала како последица на медицинска негрижа.

„Резултатите што ги добивме од лабораториските испитувања докажуваат дека на Марадона му биле давани психотропни супстанци, но не и лекарства за срцевата болест“, изјави анонимен претставник на Обвинителството за аргентинската агенција Телам.

Би можело да ве интересира

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Почина братот на Марадона

А1он

Обожавател на Марадона, и третото дете го крсти по својот миленик

Кубанката Алварез сведочеше дека била силувана од Марадона кога имала 16 години

Ана Ололовска

Статуа на Марадона на стадионот во Неапол

А1он

ВИДЕО: Марадона бил во врска со 16-годишно девојче, ја дрогирал и ја чувал заклучена

А1он