Mанџукиќ ја одби Борусија

Од:

Марио Манџукиќ ја одби понудата на германскиот клуб Борусија Дортмунд, кој беше подготвена да плати 15 милиони евра за неговите услуги.

Понудата на Борусија беше прва по најавите дека Манџукиќ го нема во плановите на новиот тренер на Старата дама, Маурицио Сари и дека италијанскиот шампион одлучи да го продаде.

Според медиумите иако Хрватот ја одбил понудата на Борусија, се уште е извесна можноста тој да се врати во Бундеслигата.

Интерес за неговите услуги покажува и неговиот поранешен клуб – Баерн Минхен, опција, за која 33-годишниот напаѓач е многу заинтересиран, но сé уште нема донесено конечна одлука.

Инаку, Манџукиќ го носеше дресот на Баерн од 2012 до 2014 година постигнувајќи 48 гола од 88 натпревари, додека во дресот на Јувентус постигна 44 гола на 162 настапи.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство