Манчини: Ќе биде тежок натпревар, како секој прв во групата

Од:

Македонскиот фудбалски првак Вардар првиот натпревар од групната фаза во Лигата Европа го игра утре на Националната Арена „Филип Втори“, а во првото коло противник е руската екипа Зенит.

На прес-конференцијата од таборот на гостите тренерот Роберто Манчини изјави дека Вардар е солиден тим.

– Ќе биде тежок натпревар за нас, како и секој прв во групата. Вардар е тим што игра добро во одбраната, а опасен е во контра нападите. Но, нашата амбиција на овој натпревар, како и на сите е да постигнеме победа.

Манчини истакна дека Олек Шатов и Леандро Паредес останале во Русија и дека поради повреди не се во составот, но очекува нивно брзо враќање.

Александар Јерохин, еден од играчите кој е повратник во тимот напомена дека тој и соиграчите со голема сериозност ќе истрчаат утре на дуелот со Вардар.

– Ги гледавме натпреварите на Вардар против Фенербахче. Тоа е добро организиран тим, кој му даде четири голови на Фенербахче и затоа треба да бидеме максимално внимателни, изјави Јерохин.

По прес-конференцијата екипата на Зенит излезе на теренот и го одработува единствениот тренинг во Скопје, по нив во терминот од 20:30 часот тренинг има и македонскиот првак Вардар.

Би можело да ве интересира

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Горан Наумовски

ЦУК: Отстранета опасноста oд локално поплавување во Неготинско

Горан Наумовски

Голема потрага по жена која скокна во Вардар

Горан Наумовски