Екипата на Манчестер Сити по два натпревара без победа конечно успеа да освои три бодови откако синоќа на „Етихад“ во Манчестер го победи тимот на Вест Бромвич Албион со 3:1.
Сите голови беа постигнати во првиот дел. Серијата ја отвори Пабло Забалета во 3.та минута, а во 10.та минута на 2:0 зголеми Серхио Кун Агуеро. Малку надеж за гостите донесе Греем Доранс, кој во 16.та минута намали на 2:1, но победата на „граѓаните“ ја потврди Мартин Демикелис во 36.минута.
Манчестер Сити со 74 бодови остана на третото место на табелата во Премиер лигата со шест бодови помалку од лидерот Ливерпул и еден помалку од второпласираниот Челзи, но и еден натпревар помалку од конкурентите за шампионската титула.
ВБА со 33 бодови се наоѓа на 16.место на табелата и има еден бод повеќе од Норвич, а три од Кардиф и Фулам и четири од последниот Сандерленд.