Манчестер сити сè уште се надева дека ќе го задржи Сане

Од:

Манчестер сити не ги губи надежите дека може во своите редови да го задржи напаѓачот Лирој Сане.

Според „Телеграф“ раководството на премиерлигашот ќе направи уште еден обид и ќе му предложи нов договор на 24-годишниот Германец.

Претходно, тренерот на Манчестер Сити, Јосеп Гвардиола изјави дека Сане не го обнови договорот и сака да го напушти тимот.

Познато е дека фудбалерот сака да замине во Баерн. Тимот од Минхен е подготвен за него да плати 40 милиони евра, додека Сити инсистира на сума од 70 милиони евра.

Изворот тврди дека Манчестер зазел принципиелна позиција и поверојатно ќе му дозволи на играчот да замине бесплатно, отколку да попушти на Баерн на преговорите.

Дваесет и четиригодишниот Германец ги скина лигаментите на коленото во првиот натпревар од тековната сезона – Суперкупот на Англија против Ливерпул. Сане повторно се појави на теренот во натпревар со Барнли на 22 јуни.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска