Манчестер Сити остана без осминафинале во Лигата на шампионите

Од:

Англискиот фудбалски првак Манчестер Сити, втора сезона по ред не ја поминува групната фаза во Лигата на шампионите, а оваа година на едно коло пред крајот на натпреварите во групи по нерешениот резултат со Реал Мадрид остана без пласман во осминафиналето.

По завршувањето на синоќешните натпревари од групита А, Б, Ц и Д учество меѓу 16.те најдобри обезбедија Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Шалке, Арсенал, Милан и ПСЖ. Претходно од овие групи во осминафиналната фаза веќе беа пласирани Порто и Малага.

Резултати од 5.коло и табели во групите А, Б, Ц и Д од Лигата на шампионите:

Група А: Порто – Динамо Загреб 3:0 и Динамо Киев – ПСЖ 0:2.

Табела: Порто 13 бодови, ПСЖ 12, Динамо Киев 4 и Динамо Загреб 0.

Група Б: Шалке – Олимпијакос 1:0 и Арсенал – Монпеље 2:0.

Табела: Шалке 11 бодови, Арсенал 10, Олимпијакос 6 и Монпеље 1.

Група Ц: Зенит – Малага 2:2 и Андерлехт – Милан 1:3.

Табела: Малага 11 бодови, Милан 8, Зенит 4, Андерлехт 4.

Група Д: Манчестер Сити – Реал Мадрид 1:1 и Ајакс – Борусија Дортмунд 1:4.

Табела: Борусија Дортмунд 11 бодови, Реал Мадрид 8, Ајакс 4 и Манчестер Сити 3.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска