Манчестер сити не реализира четири пенали по ред во Премиер лигата

Од:

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро не реализираше пенал на натпреварот од 27. коло од Премиер лигата со Лестер. Ударот на Агуеро од 11 метри, го одбарни Каспер Шмајхел во 62. минута.

За „Граѓаните“ ова беше четврти промашен пенал во низа оваа сезона во шампионатот на Англија.

Голманот на Лестер, Каспер Шмајхел по четврти пат го спаси голот од пенал во Премиер лигата. Сега тој има повеќе одбрани од неговиот татко, екс-голманот на Манчестер јунајтед Питер Шмајхел, кој за целата своја кариера во првенството на Англија имаше три одбранети пенали.

Манчестер сити го доби натпреварот со 1:0 со голот на Габриел Жезус во 80. Минута и се зацврсти на втората позиција на табелата со 57 бода. Лестер остана на третото место со 50 бода. Лидер е Ливерпул со 76 бодови.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска