Манчестер Сити ја следи состојбата на напаѓачот на Барселона, Лионел Меси

Од:

Сити ја следи состојбата околу напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, објави „ЕСПН“ повикувајќи се на свои извори. Англискиот клуб е уверен дека, ако 32-годишен Аргентинец реши да ја напушти Барселона, Манчестер сити ќе биде приоритетна опција за него.

Договорот на Меси има опција што му овозможува да ја напушти Барселона бесплатно на крајот на сезоната.

Манчестер сити верува дека одличните односи на Меси со тренерот на тимот Пеп Гвардиола под чие водство со Барселона, три пати го освои шпанскиот шампионат и двапати ја освои Лигата на шампионите за четири години, можат да бидат пресудни, Аргентинецот да го засили тимот.

Меси вчера имаше вербален судир со спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, по неговите зборови дека играчите не се залагале доволно под водство на поранешниот тренер Ернесто Валверде.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот