Манчестер Јунајтед официјално го претстави првото засилување

Од:

Манчестер Јунајтед официјално го објави првото ново засилување за ова лето. Даниел Џејмс, кој беше привлечен од Свонси, потпиша договор за пет години со опција за дополнителни 12 месеци.

„Лебедите“ ќе добијат за 21-годишното крило 15 милиони фунти плус потенцијални три милиони во форма на бонуси. Велшанецот е првото засилување на Оле Гунар Солскјер.

– Ова е еден од најубавите денови во мојот живот. Со нетрпение гоочекувам предизвикот. Премиер лигата е најдобро првенство во светот, а Манчестер Јунајтед е совршено место каде што можам да се развијам како играч. Ова е момент на неверојатна гордост за мене и моето семејство, иако тој е измешан со тага поради тоа што татко ми не може да го сподели овој момент со нас. Чекам со нетрпение да започнам да работам со Оле и да се сретнам со тимот, вели Даниел Џејмс.

Според тренерот Солскјер, Даниел е возбудлив млад фудбалер, кој поседува многу вештини, визија за играта, исклучителна брзина и добра работна етика.

– Тој имаше одлична сезона со Свонси и располага со се што е потребно за да стане играч на Манчестер Јунајтед. Среќни сме што потпиша со нас и сите ние со нетрпение очекуваме да работиме со него. Ова е идеална средина за Даниел да продолжи со својот развој, прокоментира норвешкиот менаџер на тимот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска