Манчестер Јунајтед одигра нерешено на гостувањето кај Сандерленд

Од:

Екипата на Манчестер Јунајтед и натму е без победа во новата сезона од Премиер лигата. Попладнево во дуелот од второто коло „црвените ѓаволи“ одиграа нерешено 1:1 на гостувањето кај Сандерленд и го освоија првиот бод во шампионатот.

Манчестер Јунајтед поведе со голот на Хуан Мата во 17. минута, а резултатот го изедначи ново засилување на Сандерленд Џек Родвел во 30. минута.

На другите два дуела одиграни денеска: Хал – Стоук 1:1, Тотенхем – КПР 4:0.

На вчераодиграните натпревари: Евертон – Арсенал 2:2, Астон Вила – Њукасл 0:0, Челзи – Лестер 2:0, Кристал Палас – Вест Хем 1:3, Саутемптон – ВБА 0:0 и Свонси – Барнли 1:0.

Колото ќе биде комплетирано во утревечер (21 часот) со дербито меѓу двете првопласирани екипи од ланскиот шампионат Манчестер Сити (првак) и Ливерпул.

Тотенхем, Челзи и Свонси имаат максимални 6 бодови.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска