Манчестер јунајтед испадна од Лигата на шампиони

Од:

Манчестер јунајтед остана без пласман во нокаут фазата во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостувањето кај Лајпциг, додека прашањето за вториот патник од Х-групата вечерва остана отворено поради прекин на мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир.

УЕФА дополнително треба да донесе одлука во врска со прекинатиот мечот во Париз.

Прекинот во Париз се случи во 16. минута од првиот дел поради инцидент на гостинската клупа, кога по добиениот црвен картон на помошникот тренер Пјер Вебо, турската екипа го напушти теренот за наводни расистички навреди од страна на четвртиот судија. Кратко потоа, теренот го напушти и тимот на ПСЖ.

Пласман во нокаут фазата вечерва обезбеди и Лацио, додека Јувентус го завери пласманот како првопласиран во групата по триумфот над Барселона на гостински терен.

Пласман во шеснаесетфиналето досега обезбедија Баерн Минхен, Манчестер сити, Порто, Ливерпул, Челзи, Севиља, Борусија Дортмунд, Лацио, Барселона, Јувентус и Лајпциг.

Групната фаза во Лигата на шампиони ќе биде заокружена в среда со последното 6. коло во групите А, Б, Ц и Д.

Е-група:
Челзи – Краснодар 1:1
Рен – Севиља 1:3.
Табела: Челзи 14, Севиља 13, Краснодар 5, Рен 1.

Ф-група:
Лацио – Клуб Бриж 2:2
Зенит – Борусија Дортмунд 1:2.
Табела: Борусија Дортмунд 13, Лацио 10, Клуб Бриж 8, Зенит 1.

Г-група:
Барселона – Јувентус 0:3
Динамо Киев – Ференцварош 1:0.
Табела: Јувентус 15, Барселона 15, Динамо Киев 4, Ференцварош 1.

Х-група:
ПСЖ – Башакшехир натпреварот е прекинат
Лајпциг – Манчестер јунајтед 3:2.
Табела: Лајпциг 12, ПСЖ 9 (-1), Манчестер јунајтед 9,Башакшехир 3 (-1).

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Манчестер јунајтед бара 60 милиони евра за Мегваер