Манчестер јунајтед и Челси изборија учество во Лигата на шампионите, Лестер ќе мора да се задоволи со Лига Европа

Од:

Манчестер јунајтед го совлада Лестер со 2:0 во последното коло од шампионатот на Англија. Ова беше директна пресметка за место во Лигата на шампионите следната сезона.

Головите за Јунајтед ги постигнаа Бруно Фернандеш и Џеси Лингард.

По овој триумф, Манчестер јунајтед го помина Лестер на табелата и првенството го заврши на третата позиција.

„Лисиците“ ја завршија сезоната на петтото место и ќе играат во групната фаза на Лига Европа.

Лига на шампиони избори и Челзи по денешната победата над Вулвс со 2:0 во последното коло од Премиер лигата. Лондончаните завршија на четвртото место, додека „волците“ се седми.

Шампион е Ливерпул, втор е Манчестер сити, а од лигата испаѓаат Борнмут, Вотфорд и Норвич.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска