Манчестер Јунајтед ги распродаде сезонските влезници

Од:

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ги продаде во рекордно време сите 55.000 сезонски влезници за претстојната сезона, пренесуваат британските медиуми.

Откако стадионот „Олд Трафорд“ е со капацитет од 76.000 места од 2006 година, никогаш толку рано не се продадени сезонските влезници.

Инаку, другиот дел од капацитеот на трибините околу 21.000 места се предвидени за гостинските навивачи, како и за оние кои сакаат да присуствуваат само на некои натпревари.

Манчестер Јунајтед имаше разочарувачка претходна сезона со освојувањето на седмото место во Премиер лигата и со тоа остана без пласман во еврокуповите.

Во новата сезона на клупата на „црвените ѓаволи“ ќе биде селекторот на Холандија Луис Ван Гал, кој ќе биде претставен на 17 јули во среда.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска