Малдини: Модриќ не е тема на нашите разговори

Од:

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини ги демантираше гласините дека клубот преговара за трансфер на хрватскиот капитен од Реал, Лука Модриќ.

– Модриќ воопшто не е тема на нашите разговори, ниту сме разговарале околу неговиот транфер. И порано кажав, ќе кажам и сега, нам ни требаат млади и искусни играчи покрај кои тие ќе се развијат. Модриќ е одличен играч, но во моментов не не интересира, изјави Малдини.

Тој додаде дека врвните играчи се скапи, а дека на Милан му е потребно да го засили средниот ред бидејќи им заминаа четири играчи за врска.

– На Милан не му се брза. Преодниот рок трае до 2 септември, а моментално не интересира Веретоут и Бенацер. Се разбира дека би сакале да ги имаме најдобрите, но моментално ги донесуваме тие што можеме“, додаде Малдини.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска