Малага поуспешна од Виљареал

Од:

Фудбалерите на Малага остварија победа во натпревар од 34.коло од шпанската Примера Дивизија. Синоќа во дуелот со Виљареал тие славеа со 2:0 и со новите три бодови се пробија на 10.место со вкупно 41 бод, колку што имаат и Еспањол и Леванте.

Головите за Малага ги постигнаа Роке Санта Круз во 6.минута и Серхи Дардер во 53.минута.

Поразот за Виљареал значи дека со 52 бода, ги намали шансите да го мине тимот на Севиља на 6.место на табелата.

На врвот на Примера се Атлетико Мадрид со 85 бодови, Барселона има 81, а Реал Мадрид 79 и натпревар помалку.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска