Македонските репрезентативци пристигнаа во Грузија

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во Тблиси каде што утре ќе го одигра решавачкиот натпревар против Грузија за историски пласман на Европското првенство.

Се очекува нашите репрезентативци вечерва да го одржат единствениот тренинг непосредно пред утрешниот натпревар.

Натпреварот помеѓу Македонија и Грузија ќе се игра утре во 18:00 часот.

Капитенот Горан Пандев е сигурен дека можеме да ја добиеме Грузија среде Тбилиси.

„Жално ќе биде да не ја искористиме оваа шанса. Ние сме една голема фамилија, треба да излеземе на терен и да го дадеме максимумот. Сигурен сум дека сите ќе дадеме повеќе од 100%. Имавме добри моменти но и порази, навредување од публиката, минав низ многу тежок период во репрезентацијата. Еден период се тргнав од репрезентацијата, но никогаш нема да си дозволам да го фрлам овој дрес, кој за мене е светост“, рече капитенот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

Орце Костов

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ