Македонската женска ракометна репрезентација денес во Лунд, против Шведска ќе го одигра првиот меч од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2018 против.
Почетокот е закажан за 18 часот и 30 минути.
Селекторот Симе Симовски за Шведска поведе 17 ракометарки:
голмани: Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска;
бекови: Теодора Керамичиева, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Душица Ѓоргиевска, Елена Ѓоргиевска, Маја Трпковска, Зорица Десподовска, Александра Боризовска, Андреа Белеска;
крила: Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска;
пикери: Ивана Гакидова, Марија Николиќ.
По завршувањето на средбата во Лунд, нашата репрезентација се враќа во Скопје каде продолжува со подготовките за втората средба од квалификациите, против Србија во Скопје на 1 октомври.
Покрај Македонија, Шведска и Србија, во квалификациската група за ЕП Франција 2018 се наоѓа и селекцијата на Фарски Острови.